Дневен хороскоп 31.08.2020: Еден знак е подготвен за нова врска

Овен

Причично сте незаинтересирани за новините кои би ви донеле дополнителни обврски за кои моментално не сте подготвени. Доколку ви се допаѓа личност која е зафатена, наскоро ќе ви се укаже можност за тајна врска.

Бик

Доколку сакате да остварите напредок важно е да направите стратегија за своите потези. Воодушевени сте од личноста која ви се допаѓа и сакате да и предложите официјално да влезете во врска.

Близнаци

Ве очекува поволен ден и може да се надевате на остварување на вашите планови. Во вас се буди потреба со саканата личност да бидете што е можно почесто.

Рак

Искористете ги своите контакти за да ги остварите сопствените цели. Ве очекува средба со личност која ќе ви покаже дека е заинтересирана за врска без обврски.

Лав

Дајте си можност да се одморите. Немојте да се форсирате, доколку чувствувате дека моментално немате сила за ништо. Уживате во љубовта со партнерот и задоволни сте кога сте во прегратката на партнерот.

Девица

Конечно ќе може да завршите некои обврски кои долго време ги одложувате. Задоволни сте со ситуацијата во која се наоѓате. Отворено ги покажувате своите чувства и се надевате дека партнерот ќе ви возврати со иста мера.

Вага

Може да очекувате дека ќе се стабилизирате во следниот период. Подготвени сте за нова врска. Внатре во себе чувствувате дека сте желни за емоција и промена на љубовно поле.

Шкорпија

Ве очекува тежок ден. Потрудете се да избегнете било какви ризици. Склони сте кон конфликти во односот со личноста која ја сакате. Важно е некогаш да покажете трпение.

Стрелец

Пред вас е период во кој може да имате многу промени. Подготвени сте за секакви предизвици. Вие ќе бидете иницијатор за почеток на нова врска. Најдовте личност која ви се допаѓа и подготвени сте да ја освоите.

Јарец

Ве очекува поволен период. Може да ги остварите плановите од минатото. Можно е да бидете изненадени од ставот кој го покажува вашиот партнер. Понекогаш ви делува дека вие двајца сте различни светови.

Водолија 

Можно е во окружувањето да оставате впечаток дека сте ладна и дистанцирана личност со која не е лесно да се комуницира. Љубовниот однос со Рак може да ви тргне во погрешна насока. Вие двајца едноставно не сте еден за друг.

Риби

Не е поволен денот за вас, па многу лесно може да дојде до некои компликации и проблеми. Ве очекува интересно познанство со личност која ќе покаже дека е подготвена да се труди околу вас.