До сега не сте виделе ваков хотел: Како во друго време
Гордо сместен на само неколку чекори од реката Замбези, Ројал Ливингстон е хотел што досега не сте го виделе…
Тој меѓу другото, им ветува на своите гости извонреден поглед на моќните Викторијански водопади. Веднаш штом ќе пристигнете овде, ќе помислите дека сте се вратиле назат во времето, бидејќи 17 шармантни згради во колонијален стил дефинитивно ќе ве воодушеват.
Тие само чекаат да ја споделат со вас убавината на речното корито, сценската и удобна атмосфера.
Ова неверојатно одморалиште се наоѓа во националниот парк Мози-о-Туња во Замбија, кој се наоѓа на списокот на светско наследство и може да се ужива најдобро од височини или хеликоптери.
Убавината на реката Замбези ви е на дофат, а рафтингот е секогаш опција за уживање. Можете да прошетате низ пустината на националниот парк во друштво на шармантни слонови.
Поседува домородните сорти на дрвја и растенија, и се одликува со луксузни парчиња мебел, чиста бела постелнина, африкански украсни елементи, кади во викторијански стил и големи удобни кревети.
Убавите тремови ќе ве стават во вистинско расположение да уживате во добра книга и да ги гледате зебрите кои се шетаат одма до вас.