До зори со трубачи: Дарко Лазиќ славеше за раѓањето на ќерката, девојчето доби име со посебно значење(ВИДЕО)

Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина завчера станаа родители на мало девојче, а фолкерот по тој повод приреди голема прослава.

Откако завршил со пеење на свадба, ги собрал своите најблиски пријатели во кафеана, а тука била и неговата поранешна сопруга водителката Ана Севиќ со сопругот Даниел Недељковиќ. 

Ана одлично се забавуваше и се радуваше, додека на Дарко веднаш му ја искинаа маицата кога пристигна на прославата - во духот на традицијата. 

Во текот на вечерта, поради споменатото кинење на маица, нон-стоп се пресоблекуваше, а понесен од добрата атмосфера покажа и карате потези со што многумина насмеа, додека Катарина ги сподели токму овие моменти од породилното одделение. 

Дарко ги почести трубачите, па „летаа“ пари на сите страни.

Доби уште една ќерка

Да потсетиме, Лазиќ ја има ќерката Лорена од бракот со водителката Ана Севиќ, додека синот Алексеј од врската со Марина Гагиќ.

На неговата сопруга Катарина ова ѝ е прво дете.

Значењето на името Срна:

Инаку, името Срна е симбол на елеганција, нежност и плашливост. Срната симболизира личност која е срамежлива, има тенденција да се повлече, а исто така е многу ранлива. Од друга страна, срната, токму поради недостатокот на агресивност, се сфаќа како симбол на нашите инстинктивни сили.


Фото: Instagram /Youtube - screenshoot

Видео: Фејсбук