Додека Пеле ја пееше познатата југословенска песна, тајно му точеа ракија

За Пеле се велеше дека е добродушен и сака да се шегува со себе, а многу ги познавал и балканските обичаи и песни.

Јадранко Топиќ, поранешен хрватски фудбалер, откри неколку приказни од периодот кога заедно со Бразилецот играше во Њујорк Космос.

„Пеле ги полуде масите, на секој натпревар имаше по 45.000 навивачи. Космос, и јас со него, беше иницијатор на фудбалскиот бум во САД кој продолжува и денес. Еднаш стоевме во темница во тунел. А тој, алудирајќи на бојата на неговата кожа, рече: „Па каде е Пеле? Не можам да го видам во мракот!’“, изјави Топиќ за „Вечерњи лист“ во 2016 година.

Потоа посети познат фудбалер од Ниш.

Во клубот настапуваше и Вито Димитријевиќ од Сурдулица, поранешен играч на Ниш Раднички. Имаше глас - чудо. Ќе му ја држев мелодијата, а тој ќе пееше како славеј. И така еднаш во клупскиот автобус, ние двајца почнавме да потпевнуваме „Скалинада“. Набрзо ни се придружи Пеле, почна да чука со раце по чашата во ритамот на нашето пеење. И наскоро целиот тим почна да потпевнува во ритам. Од тој момент, „Скалинада“ стана химна на Космос. Се пееше во соблекувалната, во автобусот, но се пушташе и на звучниците на стадионот. На крајот, Пеле го знаеше тоа напамет, потпевнуваше „Tu se penje, tu se pada, to je sudba, to je nada, skalinada“.


Пеле никогаш не пиел и не пушел, а се‘ уште се раскажува кога тајно му точелеракија.

„Еднаш, измамувајќи го дека е коктел, му точев од нашите ракии, а тој за малку ќе полудеше! Дружењето со луѓе не му претставувало проблем. Тој не беше вообразен како некои од денешните ѕвезди, туку остана скромен и едноставен. А тоа, верувајте, не беше лесно затоа што беше популарен како да е месијата или, во најмала рака, папата“, изјави Топиќ за „Дневно“.


Фото:  Youtube - screenshoot

Видео: Youtube