Доктор направи експеримент и ослабе 20 килограми: Алкалната диета ми обезбеди живот без болест! (ВИДЕО)
Многу познати личности тврдат дека алкалната диета е одговорна за нивното
здравје и младешкиот изглед.
Нутриционистот и хиропрактик д-р Дерил Џефри, советувал многу холивудски ѕвезди за промени во животниот стил. Тој тврди дека и самиот успеал да изгуби повеќе од 20 килограми и се ослободил од зависноста од шеќер, благодарение на ваквиот начин на исхрана. Сега, 80 отсто од случаите, се храни баш така и вели дека има повеќе енергија отколку кога имал дваесетина години, иако сега има 40 години.
„Трчам триатлон и ултрамаратон. Не се сеќавам кога последен пат бев болен“, рече тој.
Принципот што тој го предлага е едноставен, но строг: мора, барем на одредено време, да ги исфрлите од исхраната млечните производи, алкохолот, месото, кафето, шеќерот и глутенот. Наместо тоа, тој предлага збогатување на менито со зелен лиснат зеленчук и друга „основна храна“. Треба да се избегнува многу овошје, бидејќи според принципите на алкалната исхрана, шеќерот е шеќер, без разлика од која форма доаѓа.
Една од заблудите е дека оваа диета ја менува pH вредноста на крвта. Тоа не е можно, бидејќи вашето тело строго ја регулира pH вредноста и исхраната не може многу да влијае на тоа. Од друга страна, ако јадете премногу кисела храна, тврди д-р Џефри, телото ќе го задржи истото ниво на pH, на штета на здравјето на коските и срцето, бидејќи од сопствените ресурси ќе ги извлече алкалните минерали!
Тој препорачува по една недела придржување кон внесот на исклучиво алкална храна, да останете на сличен режим и барем 60-70 отсто од вашата исхрана до крајот на животот да бидат само основна храна.
„Луѓето мислат дека здрав живот значи да се елиминираат сите намирници што ги сакате. Тоа не е точно. Треба да уживате во процесот за да го цените здравјето“, вели докторот.
Доколку сакате да ја алкализирате вашата исхрана, д-р Џефри ве советува да ја јадете следната храна:
авокадо, брокула, карфиол, зелка, кисела зелка, леќа, моркови, целер, тиквички, печурки, алги, вакаме, власец, смокви, ленено семе, масло од краставица, краставица, соја и производи од соја, банани, грозје, боранија, мешунки, мед, киви, лимон, лимета, зелена салата, манго, просо, маслинки и маслиново масло, кромид, портокали, папаја, магдонос, круши, зелен грашок, ананас, киноа, ротквици, спанаќ, јагоди, домати, лубеница, ориз, тиква, сусам, таан (намаз од сусам).
Храна со која треба да се внимава:
Киселата реакција во организмот најчесто ја предизвикуваат протеините, најмногу оние од животинско потекло, па се верува дека на секои дополнителни 10 грама протеин што ќе го внесеме, губиме 100 mg калциум со мокрење. Затоа, не претерувајте со внесот на протеини.
Дополнителен совет од лекарот:
- Не пијте повеќе од две шолји кафе дневно, бидејќи кафето предизвикува киселост во организмот, а дури некои статистики велат дека честото пиење кафе, повеќе од три дневно, може да ја зголеми инциденцата на остеопороза за дури 82 отсто.
- Рафинираната храна како бел леб, колачи и лиснато тесто предизвикуваат киселост во организмот и го исфрлаат калциумот од коските.
- Не претерувајте со темните чаеви.
- Минимизирајте го внесот на масна храна.
- Пушењето и пиењето кафе се две главно поврзани навики, кои заедно создаваат киселост во организмот
Фото и Видео: Youtube