ДОКТОРИТЕ СО НАДЕЖ: Овој ЛЕК позитивно делува на коронавирусот?
Лекот за артритис- tocilizumab, за прв пат се користеше во Кина и сега почна да се администрира во болницата Котуњо во Неапол и Рим.
Станува збор за коктел кој е основа за ревматски лек за артритис и има антиинфламаторни ефекти, а лекува и до 50 пациенти во Италија кои се во многу сериозна состојба и на интензивна нега.
Применет е кај шест пациенти во Неапол, а кај еден постигна извонредно позитивен ефект во првите 24-48 часа, додека останатите пет имаа позитивен, но малку поумерен ефект.
Резултатот ќе се знае најдоцна во рок од десет дена, со цел да се прибегне кон широка употреба, а лекот ќе биде дистрибуиран бесплатно во сите региони, доколку се побара.
Иако целосните ефекти на tocilizumab сè уште не се познати, јасно е дека лекот има позитивен ефект врз вирусна пневмонија, што предизвикува смртност од коронарен вирус.