Докторите советуваат - еве кој не смее да јаде сардини: Ако имате некоја од овие болести, не ни помислувајте на овој вид риба
За време на постот, сардините често се на менито, но некои луѓе не смеат да ги јадат, па затоа треба да се избегнуваат.
Поради високата содржина на омега-3 масни киселини, протеини, витамин Б12 и селен, сардините се многу здрави. Доколку се јадат редовно, можат да придонесат за подобрување на здравјето на целиот организам, бидејќи се полни со важни хранливи материи, велат од Американското здружение за срце и кардиоваскуларни болести, пишува „Вебмед“. Една порција сардина од околу 75 грама содржи 191 калории и е еден од најдобрите природни извори на есенцијални омега-3 масни киселини во светот.
Кој не може да јаде сардини?
Сепак, покрај многуте здравствени придобивки, сардините не се препорачуваат за секого. Пациентите кои страдаат од висок крвен притисок, камења во бубрезите треба да избегнуваат консумирање.
Луѓе со висок крвен притисок
Сардините содржат многу сол. Една конзерва има околу една третина од дневната количина што му е потребна на телото, па ако имате висок крвен притисок, треба да го ограничите внесот. Доколку сакате да ја намалите количината на сол, јадете помала количина сардини.
Најдобрата диета за гихт е онаа која содржи малку хемикалии кои се разградуваат во урична киселина. Кога имате гихт, урична киселина се кристализира во зглобовите, предизвикувајќи болка. Масните риби, како што се сардините, имаат висока содржина на оваа хемикалија, па затоа треба да се избегнуваат.
Луѓе со камења во бубрезите
Истата урична киселина која предизвикува гихт може да доведе до камења во бубрезите, па затоа не се добар избор за оние кои се изложени на ризик од оваа состојба. Високата содржина на натриум во сардините може да го зголеми и калциумот во урината, уште еден фактор на ризик за камења во бубрезите.