Докторката вели дека ова е единствената вистина за просечната големина на машкиот полов орган: Мажите веднаш се огласија
Д-р Џон Кодл од
Филаделфија, која често дава различни медицински совети на Тикток, зборуваше за
просечната големина на машкиот полов орган, се со цел и мажите и индиректно
жените да се ослободат од притисокот дека треба да изгледаат на одреден начин.
Бројките што ги претстави ги изненадија сите.
„Како матичен лекар зборувам за различни теми“, рече на почетокот докторката и истакна дека повеќето луѓе мислат дека просечната големина на машкиот генитален орган е многу поголема отколку што всушност е.
Таа додаде: „Број два, има голем социјален притисок да се изгледа на одреден начин, ова се однесува и на мажите и на жените. Сакам да споделам неколку факти кои се надевам дека ќе ви помогнат да ја дознаете вистината. Важната порака е дека вие изгледате совршено добро, тоа е најважната порака што се обидувам да ја пренесам со ова видео“.
Според овој доктор, просечната должина на машкиот генитален орган е околу 10 см, таа бројка во ерекција изнесува околу 13 см.
Таа посочи дека бројките не се воопшто важни за добриот љубовник. Исто така многу мажи се огласија под видеото, каде се фалат дека нивната големина е далеку над просекот, и дека цел живот чекале да го слушнат ова.Фото: freepik