Спорт // Спорт
Докузовски во посета на федерацијата и на своите „ученици“
Легендарниот Марин Докузовски, денеска ја посети канцеларијата на Кошаркарската Федерација во Скопје. „Докторот“ ја предводеше македонската сениорска репрезентација до четвртото место на Евробаскет покрај аут-линијата, додека Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, ја имаше капитенската улога.
Посетата на федерацијата, Докузовски ја искористи и да им ги честита Новогодишните и Божиќните празници на своите „ученици“ и да им посака многу успех во работата во годините кои следуваат.