Dolce & Gabbana ја претставија својата нова кампања за пролет/лето (ФОТО)

Брендот Долче и Габана ја посети Сицилија за да ја сними својата нова кампања за пролет/лето

Познатата италијанска модна куќа го ангажираше познатиот фотограф Салва Албрија, кој создаде низа црно-бели фотографии, кои успешно ја доловуваат суштината на брендот и вредностите што ги негуваат.



Откако беа неколку пати главни јунаци на модните кампањи, моделите Евандро Солдати, Ноа Милс и Адам Сен повторно соработуваа, додека на иконското трио им се придружија Кејн Робертс и Америго Валенти. Претставувајќи ја потрадиционалната страна на брендот Долче и Габана, моделите носеа елегантни одела и спортски парчиња, создавајќи единствена врска помеѓу поларните спротивности.


Фото: Salva Albrija