Долга коса, брада и 20 килограми плус: Кристијано Роналдо целосно се трансформираше (ВИДЕО)

Сите го коментираат изгледот на Кристијано Роналдо

Еден од најдобрите, но и најпосакуваните фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, не престанува да ги полни колумните во весниците.

Кога спортот не е главна тема, се коментира неговиот љубовен живот, а сега мета на коментари стана и изгледот на Кристијано Роналдо.

Имено, на социјалните мрежи вирално стана видео во кое славниот фудбалер има долга коса, брада и дваесет килограми вишок.

Изгледот на Кристијано Роналдо беше целосно трансформиран, но за потребите на снимањето.

View this post on Instagram

A post shared by (@7cri2)


Фудбалерот со помош на професионални шминкери и маскири го промени својот изглед за да биде што понепрепознатлив на улица. Така маскиран ја зеде топката и на минувачите им ги покажа своите вештини.

Насобраниот свет со восхит гледаше на буцкастиот и грозен човек, додека конечно фудбалскиот ас не ги соблече мустаќите, брадата и периката и почна да дава автограми.

Значи, фанови, нема потреба да се грижите. Изгледот на Кристијано Роналдо сѐ уште е топ десет.

Извор: глориа.рс