Долгоноги Македонки: Треба да ги осигураат нозете
Да бидеме реални, светските ѕвезди се платени за да изгледаат добро. Тие инвестираат и во својата иднина, па затоа трошат огромни суми пари за да обезбедат- осигураат одредени делови од телото.
Задници, гради, цело тело, насмевка, нозе... ги осигуруваат нивните најсилни адути. Ќе се задржиме на нозете бидејќи за нив најмногу се плаќа, а мажите според една студија спроведена на универзитетот Кембриџ во 2010 година, потврдија дека тој дел од телото им е и тоа како секси.
Кога во 2006 година снимаше кампања наречена „Legs of a godes“, нозете на пејачката Мараја Кери беа
осигурани на неверојатни една милијарда долари, што донесе огромен публицитет
на самата осигурителна компанија и ја зголеми продажбата.
Сепак, нејзината политика беше ограничена на времетраењето на кампањата, освен ако не можеше да ги „задржи“ нозете од стрии за време на бременоста. Ама Кери остана „бомба“, додуша сега маклу здебелена!
Кога на супер манекенката Хајди Клум и носат се‘ уште огромна заработувачка, тоа мора да се осигурани нозе. По еден милон долари од нога.
Ни србинките не заостануваат. Пејачката Снежана Бабиќ- Снеки уште пред една деценија ги осигура своите фамозни нозе на милион долари, а пред извесно време и пејачката Миа Борисављевиќ го стори тоа за сума од 200.000 евра и тоа во осигурителна компанија од Цирих.
Од мажите, Бекам и Роналдо ги осигураа нозете на сума од скоро 200 милиони долари.
Кај нас барем засега нема такво нешто. Но ние имаме долгоноги Македонки кои можеби сериозно треба да размислат за тоа бидејќи имаат супер нозе. Секако, целосно се убави. Еве дел од нив:
Вера Мештетовиќ
Во 1996 година стана првата мисица која ја претставувала нашата земја на официјалниот меѓународниот светски избор на убавина – Мис на светот кој таа година се одржа во Бангалор, Индија. Иако од тогаш до денес поминале две децении, Мештеровиќ изгледа речиси исто. Нозете и се главен адут на импозантната висина.
Марјана Станојковска
Убавата русокоса во 2005 година ја доби титулата за „Мис бикини на Универзумот“ во Кина. Денес уште поатрактивна. Сега водителка и инфлуенсерка, оваа згодна убавица има и долги и одлично обликувани нозе.
Каролина Гочева
Поп дивата покрај вонвременската убавина, песните и гласот, позната е и по своите долги нозе. Кога ја претставуваше Македонија на Евровизија во Финска во 2007 година, англискиот коментатор рече дека „оваа девојка има фантастични нозе„. Но не само тој! Долг е списокот на реномирани познавачи на убавината кои се фасцинирани од неа.
Н.Т.