Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

Околу една милијарда и сто милиони евра е последниот долг како обврска што го има јавното претпријатие „Државни патишта“  Објавениот резултат од последниот квартал со кој е завршена минатата година покажува вкупни обврски од 66 милијарди денари и раст од 10 отсто.

Обврските се зголемени и покрај тоа што најголемиот проект - Коридор 8 и Коридор 10Д што го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“, се испаќа од државниот буџет, а не од големите приходи што ги наплаќа „Државни патишта“ како патарини, акцизи на гориво, дел од регистрација на возила и други услуги на пат.

Краткорочните обврски (што треба да се вратат за една година) насобрани за 2025 се повеќе од 200 милиони евра и тука има раст од 24 проценти на годишно ниво. Тука се вклучени обврските кон добавувачи, за дадени аванси и депозити (кон Министерство за финансии) и тие за заеми и кредити.

Долгорочните обврски (оние што треба да се вратат по една година) изнесуваат 878 милиони евра и за една година се зголемени за 8 отсто. Инаку ЈПДП е јавно претпријатие со најголема сума на позајмени средства кои подлежат под државни гаранции издадени од Министерството за финансии. 

Детали на ФАКТОР ТУКА.