Доналд Трамп и Илон Маск! Какво дуо- едниот веќе му даде пари за кампањата на другиот милијардер
И двајцата со енормно богатство, иако едниот е во значителна предност.
Илон Маск е втор- па прв и така наизменично со Џеф безос на листата на најбогати во светот, а богатството му се проценува на 250 милијарди евра.
Трам од друга страна отсекогаш бил богат, едно време и меѓу дваесетте најбогати во светот. Беговото богатство се проценува на 5, 5 милијарди евра, а поранешниот претседател на Америка сето тоа го заработи претходно- пред функцијата.
Сега, Милијардерот Илон Маск изјави дека планира да донира 45 милиони долари месечно на групата Супер Пак фокусирана на изборната победа на Доналд Трамп, почнувајќи од јули, пишува Wall Street Journal.
Маск го поддржа Трамп пред два дена и веќе донираше „значителна сума“ на Америка Пак, иако вистинската сума на донацијата нема да биде откриена во изборните документи до 15 јули.
Ако Маск продолжи да донира во оваа скала, тоа ќе биде „извонредна сума“, објави Волстрит журнал, наведувајќи ја најголемата позната донација овој изборен циклус од 50 милиони долари за Супер Пак кој го поддржува Трамп, дониран од правнукот на банкарот Томас Мелон.
Според Њујорк тајмс, Маск не донирал за Супер Пак од 30 јуни.