Дора Бакојани во патики, Заев не ја вади сината вратоврска
Премиерот Заев е во работна посета на Р. Грција, негово прво службено патување
надвор од земјата во вториот мандат како претседател на Владата на Северна
Македонија. Освен
учеството на конференцијата на „Економист“, ќе има и средби со премиерот
Кирјакос Мицотакис и претседателката Катерина Сакеларопулу.
Токму на конференциојата се сретна и со грчката политичарка Дора Бакојани, нам добро позната по нејзиниот мандат како министерка за надворешни работи и ветото од страна на Грција за Македонија. Изненадува што за средбата одбрала да биде облечена во патики, нетипично за политичарите, но типично за балканските, посебно албанскиот пример Еди Рама (и тој е таму), кој често се појавува во патики на големи конференции. Заев пак, остана доследен на своја сина вратоврска која ја носи често, а истата ја носеше и кога го доби од претседателот Стево Пендаровски втортиот мандат за составување на влада.
На свопјот Фб. профил Заев, по повод конференцијата во Грција објави:
„Сите се соочуваме со истите здравствени и економски предизвици, и заедно ќе ги надминеме, со поблиска соработка и со поголема солидарност. Затоа треба да продолжиме да инвестираме во добрососедски односи, да ги надминуваме отворените прашања со дијалог и толеранција и да ја подобруваме регионалната соработка.
Најдобрата иднина за регионот на Западен Балкан е да се продолжи со евроатлантските интеграции, и ниту една друга опција не е алтернатива. Тоа се докажа и од колкава исклучителна важност беше и останува соработката со ЕУ и покажаната солидарност со непосредната помош за сите земји од Западен Балкан.
Денеска се обратив на панелот посветен на иднината на Западен Балкан на конференцијата на угледниот магазин „Економист“ организирана како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот на тема „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња“ за брз и ефикасен излез од кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19.
Овој настан е сериозна платформа за дебата за сегашноста и иднината на нашиот регион, и учеството на сите угледни и влијателни гости на конференцијата од политиката и бизнис заедницата е одлична можност за размена на идеи и за соработка за долгорочна политичка стабилност како предуслов за економски раст на земјите од опкружувањето.
Р.М.М