Досега необјавени фотографии: Принцезата Дајана разголена во бикини, во друштво на бугарскиот принц Кирил
фотографија: Herman Knippertz/AP
На фотографиите, Лејди Ди носи костим за капење и е на јахта крај брегот на Италија.
Принцезата Дајана почина трагично пред 23 години, но сепак останува една од нај дискутираните и најмистериозните фигури во светскиот печат.
Во чест на новата сезона на серијата „Круната“ која раскажува за животот на британската монархија, близок пријател на покојната принцеза, Џанкарло Џамети на својот Инстаграм објави неколку фотографии кои досега не беа видени во јавноста.
Една од фотографиите е направена во 1990 година, додека принцезата Дајана одмара на јахта крај бреговите на Италија.
На неа Дајана позира со бугарскиот принц Кирил од Саксобурготски-Гота и дизајнерот Валентино Гаравани (кој е сопственик на луксузната јахта) во позадина е малиот остров Стромболи, во близина на Сицилија.
На фотографијата Лејди Ди, позира во светло бикини со апстрактни дезени и кошула врзана во јазол кај градите.
На друга фотографија, која ја сподели и коосновачот на модната куќа Валентино, Дајана беше фотографирана на еден од официјалните приеми на кои присуствуваше.
Во кадарот, принцезата, облечена во елегантна бела јакна и небесно сино здолниште, со насмевка ги поздравува Џанкарло Џамети и Валентино Гаравани.
„Два моменти од моето пријателство со принцезата Дајана“, напиша Џанкарло за досега необјавените архивски фотографии од Лејди Ди.
извор и фото: jenata.blitz.bg