Драгана Мирковиќ сподели среќна вест со фановите: Денеска е посебен ден за нејзиниот син Марко (ФОТО)
Пејачката Драгана Мирковиќ не крие колку е горда на синот Марко и ќерката Мануела. Таа сподели прекрасна вест на својот Инстаграм профил.
Нејзиниот син Марко Бијелиќ прослави 23-ти роденден, па гордата мајка јавно му честиташе.
„Среќен роденден на најдобриот син! Те сакам најмногу на светот!", напиша пејачката на заедничка фотографија со синот.
Марко го привлече целото внимание кога неодамна се појави на концертите на неговата мајка Драгана во Белград. Првата вечер облечен во костум, додека втората вечер беше облечен малку полежерно - во црна маица со кратки ракави на која се гледаа неговите мускулести раце. Првата вечер го придружуваше неговиот татко Тони, а втората вечер беше во друштво на две девојки.
Марко на Инстаграм објавува слики од својот автомобил и теретана, а бројните коментари кои се појавуваат под фотографиите се претежно оние од понежниот пол.
Фото: Инстаграм
Извор: Мondo.rs