„Драги, три минути се МАЛКУ“: Оние нешта мажите и жените ги доживуваат поинаку, ова се главните разлики!
Жените претпочитаат да разговараат за тие работи
со пријателките, а мажите или ги задржуваат за себе или коментираат со своите
пријатели
Драги момци, три минути не се доволни, треба уште многу да се загреваме, а камоли оргазам! Затоа, не брзајте! - Ова е порака што повеќето девојки сигурно би им ја испратиле на своите партнери кога би побарале совет од нив како подобро да се забавуваат во кревет.
Ова се само дел од пораките што жените и мажите би можеле да си ги испратат едни на други, вели Трејси Кокс, авторка на серија прирачници за секс и партнерства, која вели дека сè уште често е изненадена што луѓето честопати се поискрени кога зборуваат за секс со пријатели отколку со партнери.
- Признајте, ретко ќе ги разменувате овие реченици меѓу себе. Жените разговараат поискрено и полесно со жените, а мажите со мажите. Секако покорисно би било да споделите некои од овие тајни еден со друг, за да научите еден од друг што сака другата страна во сексот – вели Трејси, која со години запишува белешки и одговори на прашањето: „Што би сакале да му кажете на партнерот за вашиот сексуален живот, кога би биле целосно искрени со него?
- Глупаво е да се претпостави дека партнерот може да ги чита вашите мисли, или дека ќе знае нешто за што никогаш не сте разговарале. Ваквиот разговор е добра основа за увид во тоа како се чувствува личноста со која го делите креветот, па сигурно е дека искрениот разговор може да биде одличен поттик за подобрување на перформансите во креветот – додава таа.
Затоа, ако во кревет ви дојде помислата дека тоа што го прави вашиот партнер не е нешто, кажете му го тоа отворено, но нежно, можеби покажувајќи му каде и како да ве допира. На тој начин ќе стигнете до заедничка цел: да уживате и двајцата, вели Трејси.
Таа издвои неколку други важни реченици кои ги напишала низ годините:
Што им велат жените на мажите:
1. Треба да бидеме емотивно топли за навистина да уживаме во сексот - работете на малите знаци на љубов
2. Зборовите ни се афродизијак. Ако сакате повеќе секс, само разговарајте со нас повеќе.
3. Барем повремено покажете дека нè слушате, но не така што единственото нешто што го паметите е првата и последната реченица. Потрудете се барем за важни работи, за нас тоа е потврда дека не‘ почитувате и дека ве интересира тоа што го кажуваме.
4. Вклучете се во домашните работи, па ќе бидеме поспремни за секс. Ќе се чувствуваме повеќе како рамноправни партнери, а помалку како слугинки.
5. И ние сакаме да иницираме секс.
6. Бидете понежни. Нашата кожа е почувствителна од вашата. Она што може да го почувствувате како малку погруб допир може да не‘ повреди.
7. Не е точно дека секогаш сакаме романтичен секс. Не сакаме ниту монотонија, понекогаш ни лежи акција. Со мало охрабрување, со задоволство ќе ги реализираме нашите фантазии.
8. Не нè замарајте со секс ако не сме расположени, или кога сме концентрирани на некој проблем што треба да го решиме. Ова дополнително ни ја убива желбата. Утре ќе возвратиме двапати.
9. Прифатете дека патот до нашиот оргазам не води исклучиво преку пенетрација.
Што им велат мажите на жените:
1. Престанете да се грижите дека нема да ни се допадне како изгледате - ние секогаш го наоѓаме она што ни се допаѓа и тоа е доволно за да не задржите до вас.
2. Кога одбивате секс со нас, се чувствуваме како да не отфрлате како личност. Затоа, ве молиме не правете го ова премногу често.
3. Нашиот сексуален апарат е многу едноставен. Знаеме, вашиот е друго, но треба да ни покажете што и како сакате за да можеме правилно да го разбереме вашето тело.
4. Само затоа што сакаме да пробаме нови пози или нови работи во кревет, не значи дека мислиме дека не сте доволно секси. Работата е што понекогаш сакаме малку разновидност.
5. Ние сме визуелни типови, сакаме да гледаме секси работи и нема ништо лошо да гледаме еротски фотографии. И тоа е за луѓето.
6. Не ни кажувајте што не ве радува на вашето тело. Се фокусираме на деловите што ни се допаѓаат и ги сакаме, а не на деталите што ги мразите кај себе.
7. Би сакале акција често и редовно. Ако ова не е можно, ве молиме секогаш објаснете зошто. Ако разбереме зошто е тоа така и знаеме дека во иднина не‘ чека одличен секс, полесно ќе го прифатиме.
8. Разбираме дека вашиот сексуален нагон е под влијание на менструалниот циклус. Но, кажете ни кога сте во добро расположение и правете го тоа што е можно почесто, отколку да се фокусирате на деновите кога не е така.
9. Кога се однесувате како да имаме секс само затоа што сме го побарале, тоа нè лути и разочарува. Сакаме и вие да уживате во сексот.
Фото: unsplash