Спорт // Спорт
Драма, пенали и победа на Кил за третото место во Лигата на шампиони
Ракометарите на Кил го освоија третото место во Лигата на шампионите, во „малото финале“ го совладаа Веспрем со 37-35 по пенал серијата, во регуларниот дел средбата заврши со 34-34.
Натпреварот донесе голема драма, 33-33 во финишот, по еден гол на двете страни и на крај нерешено 34-34, во пенал серијата победи Кил.
Билик со седум гола најефикасен кај германски Кил, во победата, Винчек и Зарабец учествуваа со по шест гола.
Веспрем во името на Јахја Омар кој запиша осум гола, го имаше најефикасниот играч во својот тим.