ДРАМА СЕ СЛУЧУВАЛА СИНОЌА ВО ХРВАТСКА: Тепачка на навивачи на Хајдук со полицијата, двајца ранети и многу повредени

Вистинска драма се случувала вчера вечерта во Хрватска.

Огромни нереди имаше на автопатот А1 кај одморалиштето Дешинец, меѓу Загреб и Карловац.

Дошло до масовен конфликт меѓу навивачите на Хајдук Сплит и полицијата. Во судирите учествуваа стотици луѓе. Според полицијата две лица се ранети од огнено оружје употребено од полицијата. Повредени се десетина полицајци.

Хрватската полиција се огласи за огромните немири на автопатот. Стотици луѓе ја нападнаа полицијата и беа принудени да пукаат. Најмалку две лица се ранети од огненото оружје.

„На 21 мај околу 21 часот и 35 минути, при организирана парада на околу 1.600 навивачи на ХНК Хајдук во автобуси, комбиња и автомобили од натпреварот во Загреб, тие самоиницијативно застанаа на автопатот А1 во близина на одморалиштето Дешинец и на тој начин ги блокираа сите патни ленти во правец кон Карловац, а потоа, игнорирајќи ги нивните предупредувања и наредби, неколку стотици од нив со физичка сила и со предмети погодни за повреда нападнале полициски службеници од повеќе полициски одделенија кои ги придружувале“, се вели во соопштението на полицијата.

„Полициските службеници со употреба на средства за присилба, вклучително и огнено оружје, го одбиле нападот врз неколку лица, по што надгледуваниот конвој повторно бил ставен под надзор. Во тек е идентификација и приведување на осомничени за кривични дела и прекршоци.

Засега е утврдено дека две лица кои биле директно инволвирани во нападот врз полицајци се повредени, најверојатно од огнено оружје, а повредени се десетина полицајци. Сите повредени се надвор од животна опасност“, се вели во соопштението.

„При контрола на настанот сообраќајот на таа делница од автопатот е затворен и пренасочен на алтернативни правци. Во тек е увид и кривична истрага“, заклучува полицијата.

Индекс го контактирала читателка која видела како сето тоа започнало.

„Поминавме низ наплатната рампа и се запрашавме што создава метеж. Неколку комбиња и возила го прекинаа сообраќајот, возевме околу 45-50 на час. Потоа застанаа еден до друг во два реда зад излезот од пумпата Дешинец, Одеднаш тие почнаа да излегуваат како мравки на сите страни. Ние бевме први позади нив и воопшто не беше пријатно, искрено бев преплашена. Тргнаа кон бензинската пумпа и полициското возило“, раскажува читателот. 

„Не се вртевме многу и не гледавме бидејќи беа насекаде околу нас. Така стоевме најмалку 20 минути. Еден од нив не забележа и ни рече да одиме. Тие ги поместија возилата малку на страна и ни дозволија да помнеме. Нашиот син беше со нас и најмногу се плашев за него.

Само да напоменам дека прво се јавив на 112 и никој не ми одговори. Потоа до 192, каде по долго ѕвонење одговорил офицер на кој му било крајно непријатно. Кога почнаа да излегуваат, повторно се јавив на 192 и молев некој да дојде да го ослободи патот бидејќи видовме дека на паркингот има полициски возила. Никој не дојде“, ни рече читателката. Таа им се заблагодарува на луѓето што им помогнале и ги пуштиле.

Извор и фото: Индекс.хр