Драма за време на пренос во живо: Пејачката за малку ќе останеше гола, ѝ падна горниот дел, па мораше цела емисија да ги држи градите (ВИДЕО)
Пејачката Кети Пери (39) за малку ќе останеше гола на ТВ екраните за време на директниот пренос на шоуто „Американски идол“ во кое таа е судија. Нејзиниот 3Д сребрен корсет се скрши и таа се обидуваше да остане смирена додека членовите на актерската екипа и судијата Лук Брајан се обидуваа да и помогнат. Тој се пошегува и со продукцијата дека поради ова гледаноста ќе биде поголема.
„Мојот горен дел се скрши“, напиша Кети Пери на Инстаграм со видео од несреќата.
„Ми треба мојот горен дел да остане на мене“, рече таа додека се наведна напред со загрижен изглед на лицето додека зад неа тимот се обидуваше да ја поправи облеката со разни алатки, Пери се пошегува „оваа емисија ќе добие повеќе од посакуваното“, рече таа, алудирајќи на фактот дека горниот дел, кој цврсто го држеше со двете раце, се распадна.
Пери се сврте кон натпреварувачката Роман Колинс, за време на чиј настап и пукна топот. Тој ја отпеа „It's A Man's Man's World“ од Дејмс Браун.
„Таа песна ми го скрши топот! Претпоставувам дека тоа е женски свет", му вели Кејти на натпреварувачот која е во жирито во последна сезона.
На крајот од видеото, пејачката се крие зад масата, а потоа ги покрива градите со бела перница за да го направи шоуто погодно за прикажување. Следбениците имаа бројни коментари за изборот на топот на Кејт.
„Тоа не е топ, тоа е браник за автомобил“, напиша еден. „Знаете дека е модата е сериозна кога се користат алатките“, се пошегува друг.
Кети Пери зборуваше за настанот за „Access Hollywood“: „Не би го нарекла несреќен случај, би го нарекла интересен момент на телевизија во живо“, рече таа: „Се чини дека секоја сезона си кинам по некој шев панталони или нешто слично...“
„Ми се допадна оваа модна комбинација толку многу иако знаев дека се коцкам. Реков: „Кому му е гајле?“, заклучила таа.
Фото: Инстаграм
Извор: Kurir.rs