Двајцата ги имаат истите црти и ја сакаат музиката: Кој е македонскиот пејач кој е ист како Жељко Јоксимовиќ?

Македонскиот пејач на народна песна, Горан Тодоровски веќе подолго време го нема музичката сцена, а причина за тоа е неговата професија – професор.

Синоним за неговото име и музичко дело е безвременската песна „Пусти мерак Ратке“, која за прв пат ја отпеа на фестивалот „Широк Сокак“ во Битола во 2000-та година, достигнувајќи вистинска популарност кај сите генерации и како безвременски евергрин е изведувана на сите негови настапи.

Горан Тодоровски завршил средно медицинско училиште во „Панче Караѓозов“ во Скопје, потоа дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на катедрата по биологија. Тој сега работи како наставник по биологија во основно училиште во Скопје.

Горан во неговото музичко портфолио има доста песни кои сè уште се хитови и се присутни на секоја прослава, „Како да ти речам мила“, „Ми ја зеде среќата“ и други.

Овој македонски пејач има невeрајатна сличност со популарниот српски пејач Жељко Јоксимовиќ. Цртите на лицето на Горан и неговата насмевка несомнено потсетуваат на српскиот пејач.

Тој неодамна на социјалните мрежи се пофали со неговата нова фризура.

Фото: Фејсбук
РЖМ