Две места засекогаш останале празни: Еве зошто родителите на Ѓорѓе Балашевиќ никогаш не присуствувале на негов концерт
Родителите на кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ никогаш не присуствувале на ниту еден концерт на својот син...
Со своите песни и текстови одбележа една цела ера во музиката и сигурни сме дека неговите песни ќе се пеат со децении.
Кога ја почнувал кариерата, неговите родители Вероника и Јован биле против тоа да се занимава со музика, туку сметале дека требало да се занимава со географија, за што се школувал.
Сепак, признале дека нивниот син уште во основно училиште го покажал талентот за музика и дека уште тогаш почнал да пишува песни, кои како средношколец ги објавувал.
Неколку години подоцна кога постигнал успех, тие биле изненадени од тоа што го постигнал:
„Мислам дека е многу добро што Ѓорѓе сето ова го постигнал без врски. Ние дома, каде што тој без штедење ги истураше стиховите и шегите, не го сфативме сериозно кога кажа дека може да помине. Веруваме дека просперитетот на таков простор бара голема поврзаност, влијателни луѓе...“ - изјавила неговата мајка Вероника во интервју за „Новости“ во 1980 година.
Се започнало така што Ѓорѓе еден ден им се јавил на луѓето во радио и им посочил дека има песна што би сакал да ја слушнат.
„Знаете, мојот сопруг и јас знаеме најмалку за тоа како успеа нашиот син. Ние бевме навикнати на неговата ведрина, на леснотијата со која може да се изрази, но никогаш не помисливме дека тоа може да му биде драго на некој друг, освен на нас. Тој и денес тоа што го прави, го прави лесно. Не е фанатик“ - раскажа тогаш таа.
Таткото на Ѓорѓе, Јован Балашевиќ, кој работел во Будимпешта, не дознавал веднаш за успесите на неговиот син, туку дури кога се враќал за викенд во Нови Сад.
„Знаете, кога ќе дојдам во земјата, мојата прва преокупација е да ги читам сите весници, да ја гледам телевизиската програма, да го впивам кругот на информации што го опкружуваат едно семејство, така што една песна помалку или повеќе која е напиша од Ѓорѓе не е исто за мене, како што е за него“ - раскажа своевремено Јован.
Неговите родители биле горди што популарноста не го променила.
„Како човек, Ѓорѓе не може ништо да промени. Што и да се случи, тој ќе остане искрен и ведар. Тоа е негово и наше најголемо богатство“ - кажа неговата мајка.
фото: Принтскрин / Јутјуб