Две мумии ги изненадија научниците: Скенер покажа дека во нив нема човечки остатоци

Двете мумии долги 45 сантиметри седеа во музеј со децении пред да бидат детално проучувани.

Две минијатурни мумии, кои беа откриени во Египет, за прв пат се фотографирани со компјутерски томограф, чија снимка покажа дека не содржат човечки останки, како што очекуваа археолозите.

Две мумии, долги 45 сантиметри, во облик на човечко тело, со децении се чуваат во музеј во Хаифа, но досега не биле детално проучени, бидејќи се верувало дека во нив се наоѓа срцето на покојникот во чиј саркофаг се пронајдени, пишува LiveScience.
 Со КТ скенер, откриено е дека во нив нема човечки останки. Во едната имаше мешавина од жито и кал, а во другата мумифицирана птица, најверојатно сокол.

„Птицата нема лева нога, но никој не знае зошто“, вели д-р Марсија Јавит, која ги фотографирала мумиите.

Засега се знае дека мумиите се стари повеќе од 2.000 години, вели Рон Хилел од музејот во Хаифа, каде што се чуваат.

Проучувањето на мумиите започна сосема случајно, бидејќи во процесот на класификација на она што го имаат во музејот, откриле дека не знаат ништо за нив. Во белешките што постоеле пишувало дека тие содржат остатоци од мумифицирано срце, но тоа не на експертите им изгледа логично, бидејќи срцето најчесто се остава во мумифицираното тело, бидејќи во верувањата на старите Египќани срцето има пресудна улога дали некој ќе добие вечен живот.


Мумијата исполнета со кал и зрна жито е направена во облик на Озирис, богот кој го симболизира вечниот живот, животот после смртта, но и вегетацијата. За време на фестивалот посветен на него, објаснуваат експертите, таквата мешавина од кал и жито била потопена во вода, по што зрната би почнале да 'ртат, што било симбол на улогата на Озирис како бог на животот.

Втората мумија, која содржи остатоци од птица, е во форма на богот Хорус. Тој бог, според египетската митологија, има глава на сокол и е син на Озирис и божицата Изида.

извор:nationalgeographic