Двојничката на Лејди Гага: Зар е можно?
Аметист Роуз има неверојатна сличност со Лејди Гага.
Откако стотици пати и беше кажано дека изгледа како ѕвезда, таа започна да се обидува да креира дел од својот изглед со перики и шминка во стилот на големата планетарна музичка ѕвезда
Тинејџерката од Калифорнија во последно време заработува големо внимание на Интернет благодарение на сличноста со Лејди Гага.
Всушност, толку многу луѓе коментираа за нејзиниот изглед што таа напиша на Инстаграм: „Ако секогаш кога ќе ме поврзеа со Лејди Гага ми паѓаше од небото по еден долар, ќе бев богата“.
„Не ги видов сличностите сè додека луѓето не почнаа да ми кажуваат!“ вели таа. „Усните и очите се слични, гледам дека имаме различни носови“- додава Роуз.
Ова го забележа и Лејди Гага, па во еден свој пост коментираше дека си ја нашла својата изгубена сестра близначка.