Џенифер Анистон го критикуваше ставот на потпретседателот на Трамп, Џеј-Ди Венс за жените без деца: Се молам вашата ќерка еден ден да има свои деца и да не мора да прави инвитро
Холивудската ѕвезда изјави дека не може да поверува дека таков став доаѓа од потенцијален потпретседател на Соединетите Американски Држави...
Холивудската актерка Џенифер Анистон го критикуваше републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј-Ди Венс за неговите коментари во кои тој ги нарече демократите „жени кои немаат деца, водат мизерен живот и се грижат за мачки“.
Актерката од серијата Friends (55) објави интервју што Венс му го дал на поранешниот водител на Fox News, Такер Карлсон во 2021 година и на својот Инстаграм профил напиша дека „не може да верува дека таков став доаѓа од потенцијален потпретседател на САД“, јави Би-Би-Си.
„Се што можам да кажам е господине Венс, се молам вашата ќерка да има среќа еден ден да има свои деца и да не мора да се сврти кон ИВФ како друга опција“, напиша таа.
Актерката и претходно отворено зборуваше за нејзините борби да има деца преку ИВФ.
Минатиот месец, Венс гласаше за блокирање на легислативата предложена од демократите што ќе го опфати пристапот до ИВФ на национално ниво.
Извор: Telegraf.rs