Џони Деп е одговорен родител: На својата 13- годишна ќерка и дал марихуана
Пред два дена се одржа судење во Лондон, на кое поранешните сопружници – актерот Џони Деп и манекенката Амбер Херд – се соочија едни со други за прв пат по разводот.
Џони Деп откри на судењето меѓу другото, дека и дал марихуана на својата тринаесетгодишна ќерка, сметајќи го тоа за одговорно родителство.
Станува збор за тужба за клевета на Деп против списанието „The Sun“ и компанијата „News Group Newspapers“, а во врска со колумната од 2018 година, каде Деп беше наречен „силеџија што тепа жени“.
Деп остро ги негираше обвинувањата дека ја злоупотребил својата поранешна сопруга, но адвокатите на групата „NGN“ тврдат дека нивниот опис на актерот бил „точен и вистинит“. Во писмената изјава, 57-годишниот актер се потсетил на инцидентот во 2016 година, кога Амбер или „можеби една од нејзините пријатели“ наводно се „испразнил“ на неговиот кревет.
Исто така, адвокатите доставија докази дека самиот Деп го нарекол своето пијан алтер его „чудовиште“, а актерот посочил дека Елтон Џон е еден од клучните луѓе кои му помогнале да се ослободи од алкохолот.