Џинсот е секогаш ИН: За урбани момци
Уште неколку дена
ќе уживаме во последните топли летни денови, полека златната убавица-есента го
подготвува теренот, за да се покаже во целиот свој сјај и убавина.
Така и ние во облеката, менуваме секогаш сезона.
Тексасот е најпопуларна ткаенина во историјата на модата и тој секогаш ќе биде во тренд. Без разлика во кое годишно време сме одлучиле да го носиме, тоа парче секогаш ќе биде ИН.
Џинсот е безвременско парче кое може да го комбинираме за секакви пригоди, кежуал варијанта, спортска комбинација, во опуштен стајлинг.
Тексасната јакна е парче кое треба да ја има секој современ маж, маж кој се грижи за својот изглед и сака да биде во тренд.
Таков модел на „all seasone“ е јакната од брендотLEVI’S која може да биде ваша за само 7.990 денари. Ова парче одлично се комбинира со фармерки, со класични панталони, со бермуди, маичка и со кошула. Како и да ја искомбинирате нема да погрешите.
Есента е идеална за нов пар фармерки, особено за потемните нијанси на џинс.
Токму таков модел, кој совршено одговара на секоја машка фигура е моделот од брендот REPLAY од групацијата Fashioun group Македонија, кои може да бидат ваши за 6.090 денари. Моделот може да се подвитка кај ногавиците и да се носи пуштен.
Фармерките одлично се комбинираат со обична бела маичка, но исто така изгледаат топ и со кошула или дуксер, како и да ги искомбинирате, бидете сигурни дека ќе бидете во тренд.
Кога зборуваме за парчиња облека кои му пркосат на времето и одлични се во секоја сезона и со секаква комбинација, во овие топ три парчиња треба да ја сместиме и фармерската кошула.
Парче кое потсетува на 80-тите, 90-тите години, на слободниот стил и младиот дух. Есенва збогатете го вашиот гардеробер и освежете го изгледот со кошула од брендот TOMMY HILFIGER која може да биде ваша за 5.590 денари.
Прошетајте вирутелно низ големиот број брендови од групацијата Fashion Group, или посетете ги нивните продавници и разгалете си ја душата, размазете се со ново парче, за убави и топли есенски денови.
Можеби ќе ве интересира:
Елегантни, квалитетни, софистицирани: Машки кошули за различни прилики