Елегантни, квалитетни, софистицирани: Машки кошули за различни прилики
Машки кошули се класичен избор за господа од сите
возрасти. Затоа се едни од најуниверзалните елементи на машката гардероба. Има
машки кошули за сите прилики - за деловни состаноци, за интервју, за гала
настани, за средба со партнери или пријатели, за луда забава во клуб, па дури и
за пикник и скара во природа. Во зависност од ситуацијата, добро избраната
машка кошула може да направи одлична работа за секоја пригода - класична или
секојдневна, формална или спортска, токму тоа е потребно за да бидете во чекор
со модата и да се чувствувате пријатно.
Услов е да изберете машки кошули со висок
квалитет, бидејќи тие ќе додадат многу елеганција и софистицираност во вашиот
стил.
Официјални машки кошули за специјални пригоди
Секогаш е добро да имате стилска и луксузна кошула
на рака, во која ќе изгледате софистицирано во соодветна пригода. Може да биде
еднобојна или искомбинирана со неколку стилски нијанси, како што се бели, црни
и виолетови. За посебни прилики, добро е кошулата да има долги ракави и силуета
близу до класичната. Таков модел на кошула можете да имате и вие, доколку ги
посетите продавниците на брендовите од групацијата Fashion group, или нарачајте онлајн www.fashiongroup.com.mk.
Безвременска бела стилска кошула, од брендот Тimberland може да биде ваша за само 4.990 денари, доколку сакате повеќе бои и разиграност потпрете се на брендот SCOTCH&SODA, уникатен и разигран модел на кошула кој може да биде ваш за само 2.890 денари.
Шарени машки летни кошули - хит на сезоната
Летните машки кошули во новата сезона се
карактеризираат со широк спектар на модели. Ако сакате да бидете во чекор со
модата, не заборавајте да имате барем една летна кошула во шарени бои - создава
расположение и одговара на сè. Се претпочитаат природните ткаенини, а што се
однесува до декоративните елементи, везот е меѓу најактуелните во 2020 година.
Доколку во гардероберот сеуште немате кошула со шарен дезен, можете да си
нарачате онлајн и да имате кошула со руска јака со шарен дезен од брендот BITSIANI и тоа на попуст од 52%, за само 1.752 денари.
Но, доколку
повеќе карирани кошули во повеќе бои, тогаш може да се одлучите за некој модел од
големиот избор на карирани кошули од брендовите од групацијата Fashion
group. Наш предлог е моделот на
брендот SCOTCH&SODA во окер боја и кариран дезен, модел кој ќе биде хит следната сезона, боја која совршено
ќе се вклопи во златните тонови на есента.
Машки кошули во една боја за секоја прилика
Овој модел на кошула е погоден за комбинирање со фармерки, со панталони, но и со
бермуди. Може да се носи закопчана внатре во панталоните, над панталоните, но и
раскопчана а под неа да ставите бела маичка. Како и да го искомбинирате овој
модел на кошула нема да погрешите. Моделот од брендот SPRINGFIELD може да биде ваш за само 1.279 денари.
Погледнете повеќе одлични понуди на www.fashiogroup.com.mk