Џони Деп е легенда: На секои 3 секунди во светот, се продава по еден парфем на Диор кој актерот го лансираше
Актерската кариера на Џони Деп можеби отиде драстично во надолна линија по првото обвинение за злоупотреба на поранешната сопруга, сепак, светот на парфемите сè уште е за него благајна ...
Според наводите, компанијата Диор минатата година продавала по едно шише од линијата Sauvage, чиј заштитен знак е Деп, на секои три секунди. Ова тврдење преку платформата на Твитер го потврди и Џон Памплијано, кој за прв пат ја претстави оваа неверојатна статистика во јануари годинава. Памплијано отиде чекор понатаму, наведувајќи колку пари носи парфемот на Деп за Диор.
Како што напиша тој на Твитер: „И покрај фактот што многу брендови се откажаа од Џони Деп, Диор одлучи да остане во соработка со него. Зошто? Затоа што неговата линија на парфеми се продава по шише во просек на секои три секунди. Со цена од 160 долари, овој парфем на Диор му носи 4,5 милиони долари дневно во однос на продажбата“.
Ова се дефинитивно огромни пари и затоа не е изненадување што овој гигант во светот на парфемите одлучи да не го откаже Деп, како што тоа го направи остатокот од светот. Од друга страна, тоа што ја изгубил секоја улога што ја имал во тој момент, актерот никогаш немал проблем да ја одржи добрата финансиска состојба.
Тој беше заштитно лице на линијата на машки парфеми Sauvage од нејзиното лансирање во 2015 година.
Сепак, Диор со својот интегритет успеа да го задржи Деп на своја страна и покрај сите контроверзии што го опкружуваат во последните години.
Despite most labels dropping Johnny Depp, @Dior decided to stick with him.
— John Pompliano (@JohnPompliano) May 24, 2022
Why?
They sell a bottle of his fragrance 'Sauvage' every 3 seconds. At $160 a bottle, that's over $4.5 million a day in sales pic.twitter.com/CWzPMUlDpW