Џони Деп ќе ѝ го опрости долгот на Амбер? Адвокатите на актерот ги открија сите детали (ВИДЕО)

Адвокатите на Џони Деп навестија дека актерот може да се откаже од отштетата од 8 милиони долари што требаше да му ја плати неговата поранешна сопруга, Амбер Херд, по поразот во судењето - сега кога неговата репутација е вратена.

Адвокатите на Деп се појавија во неколку емисии за да ги негираат тврдењата на Амбер Херд дека судењето било нефер.

Камила Васкез и Бенџамин Чу се појавија во шоуто „Today“, „Good morning America“, а потоа и на мрежата „Law and Crime“ која непрекинато го следеше судењето.

Рекоа дека Џони е среќен што победил и дека „вака не се смеел шест години“ - откако почнале неговите проблеми со Херд.

Тие, исто така, го осудија тврдењето на актерката дека го изгубила судењето затоа што е помоќен и попопуларен од неа, велејќи дека е целосно неточно тоа што социјалните мрежи играле улога и тврделе дека поротата едноставно не ја сакала затоа што таа - за разлика од Џони - „не презеде одговорност за ништо“.

Неколку адвокати тогаш сугерираа дека актерот може дури и да се откаже од отштетата од 8 милиони долари што судот ѝ нареди на Амбер да му ја плати. Нејзините адвокати рекоа дека таа не може да си го дозволи тоа и открија дека планира да поднесе жалба.

На прашањето дали да се откаже од пресудата или не, адвокатите на Деп рекоа дека „никогаш не се работело за пари за г-дин Деп. Се работеше за враќање на неговиот углед, и тој го направи тоа“.

- Моето чувство е дека сето ова имаше многу врска со одговорноста. Џони имаше свои проблеми, беше многу искрен за проблемите со алкохолот и дрогата, беше искрен за некои несреќни текстови што ги напишал, и мислам дека тоа беше остар контраст со Амбер Херд, која не изгледаше така или барем поротата можеби сфатила дека таа не е одговорна за ништо - изјавила Чу.

- Таа имаше одговор за се‘, а не презеде одговорност за ништо. Мислам дека тоа направи разлика – додаде Чу.

Васкез објасни дека „клучот за победата беше да се фокусираме на фактите и доказите и можноста Џони да ја каже вистината за прв пат“.

„Пресудата зборува сама за себе“, изјави Васкез за Good Morning America.


Фото: Youtube