Џони Деп се „бања“ во овој парфем, а го има и кај нас
Убаво намирисан маж е пример за грижа околу својот стил.
Парфемите се моќен сојузник на мажите. Оставаат трага, поттикнуваат чуства, евоцираат спомени, заведуваат.. Жените можат да бидат опиени од миризбата и дополнително да се „навлечат“ на шармот од посилниот пол.
Холивудскиот актер Џони Деп, срцекршач и голем заводник, во едно интервју открива дека парфемот кој го користи повеќе ги привлекува неговите обожавателки, отколку тој самиот.
„Има нешто чудно таинствено во мирисот на парфемите. Тие отвараат нови светови и без да отворите врата“, вели Деп. А, за парфемот кој го користи додава дека се „бања” во него. Тој инсистираше да биде и заштитно лице на овој фантастичен мирис.
Се работи за парфемот Sauvage на „Диор“. Има радикално свеж состав, изобилува со мирисни ноти на скапоцени амбиси и сочна свежина од Реџо ди Калабрија.
И овде го има, што значи дека не сме многу далеку од Холивуд барем во овој сегмент. Во осумте парфимерии на „Шатци” ќе ви заблеска овој парфем, а квалитетот нема да ве изневери.
Цена:
4.460 денари, 60мл.
6.140 денари, 100мл.