ВИДЕО: Џошуа се врати со победа во рингот, падна Френклин во Лондон

Победничко враќање во рингот за Ентони Џошуа, Британцот доминираше на боксерскиот настан во лондонската О2 арена и го совлада Џермејн Френклин (21-2).

Британецот покажа дека целосно се фокусирал на противникот. Не ризикуваше премногу и трпеливо го градеше патот до победата.

Десетата рунда донесе  повеќе акција каде што Џошуа упати одлични удари врз Џермејн кој изгледаше уморен.

Во последната рунда Американецот уште еднаш се обиде да го испровоцира Џошуа, Британецот повторно возврати со неколку одлични удари и на крајот стигна до убедлива победа.

И ова беше втор пораз по ред за Френклин, тој во номеври загуби од Дилиен Вајт.

На крајот избегнат  и инцидет со нова „дополнителна“ рунда:

ВИДЕО:

https://twitter.com/dribling2021/status/1642426011118698497