Еден човек за малку ќе го изгубил половиот орган, откако во него вбризгал вазелин
Непознат маж му вбризгал големи количини вазелин во пенисот за да го зголеми …
Во болница во САД се појави маж кој имал треска, висока температура и едвај стоел на нозе. Кога лекарите го прегледале, откриле дека неговиот пенис има гангрена и дека најверојатно ќе мора да му се ампутира. Ткивото почнало да гние, а внатре во пенисот се развила инфекција која почнала да го зафаќа целото тело.
Набрзо било откриено дека мажот вбризгувал вазелин во својот пенис со надеж дека ќе ја зголеми големината на неговиот полов орган. Неговиот план н успеал, животот му бил сериозно загрозена, а лекарите изјавиле дека доколку дошол во болница еден ден подоцна, веројатно ќе го загубил животот.
Што се однесува до неговото „малечко“, тој беше успешно опериран и избегната е ампутација. Лекарите пресадиле ткиво и кожа од други делови од телото и ја реконструирале неговата гордост, за да може да води нормален живот.
Лекарите советуваат да не се обидувате со такви работи и во најголемото лудило, бидејќи можете да се осакатите до крајот на животот, па дури и да го изгубите животот поради тоа.