Еден детаљ покажува дека Димитров можеби знаел дека има коронавирус: Не му пружи рака на судијата
Бугарскиот тенисер Григор Димитров веќе е познато дека е позитивен за коронавирусот. Токму поради тоа, тенискиот турнир Адрија Тур кој го организираше светскиот тениски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, а се одржа во Белгртад и Задар, беше откажан. И на двете места на тениските стадиони имаше многу публика, а тенисерите кои зедоа учество постојабно беа во близок контакт со фановите. Тие дури беа и на гламурозна забава во еден белградски луксузен бар, на кој имаше над 200 гости.
Здравствените власти во Хрватска повикаа секој кој бил во контакт со Бугаринот повеќе од десет минути да се повлечеме во самоизолација или да се тестира, а една снимка го покажува тоа дека Димитров можеби веќе знаел што се случувало со него.
Well, that was not a match. Something wasn't quite alright with Dimitrov. He chose not to shake hands rather just fistpump the umpire. pic.twitter.com/FmHDVlHpAZ
— Del (@Stroppa_Del) June 20, 2020