Еден оброк дневно: Маж открива екстремни резултати - но лекарите предупредуваат на последиците

На интернет неодамна се појави сведочењето на еден корисник, кој тврди дека со диета базирана на само еден оброк дневно (OMAD – One Meal A Day), успеал да изгуби дури 16 килограми, без броење калории и без „магични“ диети...
Но, пред да почнете да го прескокнувате појадокот и вечерата - размислете добро. Експертите велат: ова може да има сериозни последици.
Корисник на Редит кој ја сподели својата рутина вели дека прво практикувал периодично постење шест месеци, а потоа преминал на само еден оброк дневно – без шеќер, леб, ориз, брза храна или едноставни јаглехидрати. Единствени извори на јаглехидрати му биле зеленчукот и овошјето, додека преку ден пиел само кафе и чај. „Навечер сум гладен, но кога ќе седнам да јадам, сфаќам дека неколку залаци ќе ми траат до следниот ден“, опиша тој.
Тој тврди дека ваквиот режим не само што му помогнал да ослабне, туку и психички го олеснил целиот процес: „Храната веќе не ми е награда, задоволство или утеха – таа е гориво“. Вели дека досега изгубил 35 килограми, а целта му е да изгуби уште 80. „Веќе не изгледа невозможно. Само треба да го репрограмирате мозокот“.
Симулациите покажуваат дека за време на 36-часовен пост, телото влегува во режим на согорување на масти и „чистење“ на клетките (автофагија). Но, повеќето нутриционисти предупредуваат дека екстремниот пост, особено без лекарски надзор, може да предизвика голем број проблеми: ниско ниво на шеќер, хормонална нерамнотежа, слабост, вртоглавица и парадоксално, забавување на метаболизмот.
Диететичарите и психолозите истакнуваат дека прескокнувањето оброци може да го наруши односот кон храната и телото. Изгладнувањето може да изгледа како брзо решение, но лесно се претвора во опсесивно однесување што доведува до нарушувања во исхраната.
Клиниката во Кливленд препорачува помеѓу 1.800 и 2.400 калории дневно за возрасни, во зависност од полот, возраста и физичката активност. А 100 калории за два дена, како што изјави овој корисник, е далеку под тој минимум.
Иако „еден оброк дневно“ може да изгледа како брзо решение, она што оди брзо брзо се враќа. Експертите советуваат дека пред да започнете каков било екстремен режим, треба да разговарате со нутриционист или лекар. Здравјето не е спринт, туку маратон.