Еден од најлуксузните хотели е во сопственост на Роналдо: „Само“ 13 милиони долари

Хотелот има 10 ката и 168 соби.

Кристијано Роналдо не мирува кога се во прашање деловните обврски. Имено, Португалецот го држи во сопственост најлуксузниот хотел во Мадрид - Пестана CR7 Гран Виа.

-За овој хотел тој изјави дека сето ова е забавен начин за уживање во погледот во Мадрид, спортскиот бар и најдобрата пица во градот, па порача: „Резервирајте сега и бидете привилегирани  што ќе го доживеете ова искуство“ 

Инаку, медиумите потенцираат дека Кристијано вложил дури 13 милиони евра во хотелот што е биде трет во негова сопственост. Да потсетиме, претходните два ги има во татковината- Португалија.
Хотелот има 168 луксузни соби и висина од десет ката. Деветтиот е резервиран за „обичните граѓани“, односно за оние кои не се гости во хотелот. Тука се наоѓа спортскиот бар.

Погледнете ги фотографиите од луксузниот хотел на Роналдо подолу: 


Говорејќи за хотелот и Роналдо, вреди да се спомене дека Португалецот знае како да ја однесе својата девојка Џорџина во хотел во кој еден апартман чини 25.000 евра на ден.

Станува збор за луксузен хотел во Емиратите, а со оглед на тоа што Џорџина изгледа како „милион долари“, несомнено е дека Роналдо не жали ниту цент:

извор:telegraf.rs