Еден од најважните фактори при избор на телефон - камерата!
Еволуцијата на камерата на Samsung Galaxy S сериите
Без разлика дали станува збор за фотографија од зајдисонцето, вкусна храна или дружење со пријателите, квалитетна камера е апсолутно неизбежен дел од современите паметни телефони. Затоа, не е изненадувачки податокот од истражувањето на компанијата Samsung што покажува дека голем број на корисници ја рангираат камерата и нејзините карактеристики во трите најважни фактори при купување нов телефон.
Од лансирањето на првата камера за мобилен телефон, наречена SCH-V200, во 2000та година, Samsung останува лидер во индустријата, неуморно поместувајќи ги границите на можностите на камерата на мобилниот телефон. Иновативните камери од Galaxy S серијата се резултат на долгогодишните истражувања и искуства во обезбедување на најсовремени решенија за корисниците.
Да погледнеме како изгледаше историскиот развој на камерите во Galaxy S серијата, од неговото основање, сè до најновата Galaxy S21 серијата.
Galaxy S – Панорамска слика
Првиот Galaxy S уред имаше VGA предна камера, наменета за видео повици, како и задна камера од 5MP, со можност за снимање на HD видео, автоматски фокус, но и тогашниот иновативен Panorama режим, за снимање на сцени пошироки од прикажаната содржина на екранот.
Galaxy S2 – Flash LED
Унапредена предна камера од 2MP, како и задната 8MP, не беа сите иновации на Galaxy S2 камерата. Flash LED светилката беше клучно подобрување, што им овозможи на корисниците да прават ноќни снимки на поквалитетен начин.
Galaxy S3 – Burst shot
Третата генерација на S серијата на полето на камерата ја донесе познатата Burst shot опција, која снимаше до 20 фотографии за 3,3 секунди, доловувајќи ги и најситните детали за движење во фотографираните сцени.
Galaxy S4 – Dual shot
Galaxy S4 беше првиот уред со камера над 10 мегапиксели, со задниот објектив од 13MP. Тука беа и специфичниот Dual shot режим, кој овозможуваше истовремено снимање со предната и задната камера, со добивање на фотографија што ги вклучува и корисникот и содржината што ја фотографира пред него.
Galaxy S5 – HDR слика на збогатени бои
Првата ISOCELL камера од 16MP на паметниот телефон беше главниот адут на Galaxy S5 серијата, а посебно освежување беше можноста за унапредено HDR снимање што ги збогатува боите, правејќи ги поживописни, дури и во услови на слаба осветленост.
Galaxy S6 – Подготвена камера за 0.7 секунди
Samsung ја препозна потребата на корисниците камерата да им биде на располагање кога сакаат брзо да реагираат на некоја ситуација што сакаат да ја забележат и да ја зачуваат како спомен, па Galaxy S6 серијата донесе опција за активирање на камерата за само 0,7 секунди со двојно допирање на Home копчето.
Galaxy S7 – Dual Pixel сензор
За прв пат на камерата на паметните телефони беше претставен dual pixel сензор за снимање на кристално чисти фотографии, дури и во мрак, со Galaxy S7 серијата, чија камера ги доби тогашните рекордни 88 поени на DxOMark за оценка на квалитетот.
Galaxy S8 - Алгоритам за обработка на фотографијата
За да може фотографијата да излезе совршено, потребно е осветлувањето да биде оптимално, а движењето на камерата минимално. Токму овие околности беа обезбедени од камерата на Galaxy S8 серијата, со нејзиниот прв досега виден, напреден алгоритам за обработка на фотографии.
Galaxy S9 – Dual Aperture камера
За да се осигура дека фотографиите ќе излезат со врвен квалитет во различни средини, Galaxy S9 серијата ја воведе Dual Aperture камерата, која автоматски се прилагодува на осветлувањето, слично на човечкото око, проширувајќи ја леќата во темница и стеснувајќи ја на јака светлина.
Galaxy S10 – Super Steady
Во време кога се појави Galaxy S10 серијата во 2019 година, корисниците снимаа повеќе содржина од кога било, а за снимање на динамични сцени на патувања, дружења и разни авантури, бара камера што може да испорача супериорен квалитет, во динамично опкружување. Затоа S10 серијата донесе Super Steady опција која ги стабилизира и елиминира сите видови на тресење и нестабилност при снимање.
Galaxy S20 – Space Zoom
Камерите на Galaxy S20 Ultra со 108mp и Galaxy S20 и S20+ со 64mp им дадоа на корисниците можност да создаваат фотографии и видеа од професионален степен, со опции засновани на вештачка интелигенција, како што е Space Zoom, за најголемо зголемување на снимената содржина досега.
Galaxy S21 – Камера која поддржува вештачка интелигенција
Камерата на Galaxy S21 Ultra е прва Samsung камера на база на вештачка интелигенција со пет леќи: предна од 40mp, задна ultra широка од 12mp, главна задна од 108mp и две задни телефото камери од 10mp. Galaxy S21 и S21+ доаѓаат со четири камери, додека сите три модели се карактеризираат со систем на камери кои е поддржан со вештачка интелигенција, не оставајќи ништо на случајност, така што фотографиите на корисникот ќе бидат од во професионален ранг, без оглед на околината и сцената што ја снимаат.
ГАЛЕРИЈА: