Еден парфем, илјадници жени: Мирисот што го направи Бред Пит икона

Бред Пит, еден од највлијателните актери во Холивуд, не само што плени со својот изглед и талент, туку и со својот избор на парфеми. Неговата омилена мирисна нота е Musk од италијанскиот парфимер Lorenzo Villoresi .
Зошто Musk од Lorenzo Villoresi?
Парфемот Musk е познат по својата сензуална и мистериозна арома, која комбинира мускусни, дрвенести и цветни ноти. Со врвни ноти на галбанум, кардамом и бергамот, срцеви ноти на роза и гераниум, и основа од сандалово дрво, ванила и амбра, овој парфем создава длабок и привлечен мирис .
Пит го избира Musk поради неговата способност да остави впечаток без да биде наметлив. Во интервјуа, тој изјавил дека не сака парфеми кои се „пресилни“ и претпочита суптилни мириси кои се вклопуваат со неговиот природен мирис
Колку чини?
Брендот Lorenzo Villoresi е познат по своите рачно изработени парфеми со високо квалитетни состојки. Цената на 50 мл шише од Musk се движи околу 100 американски долари
Дали привлекува?
Според сведоштва од луѓе кои го сретнале Пит, неговиот мирис е незаборавен. Пријателка на актерот Џенифер Лоренс изјавила дека Пит „мириса неверојатно“ и дека неговиот мирис е уникатен, неодолив и пресекси.