ЕДЕН ПАТНИК СЕ СПАСИЛ ОТИ БИЛ ПИЈАН: И уште 9 занимливости за Титаник!
Најпознатото потонување на бродови во историјата на човештвото е документиран на сто и еден начин. За големата трагедија снимени се бројни филмови, напишани книги и приредени изложби, но и ден денес постојат детали кои би можеле да ве изненадат.
1. Буџетот на холивудскиот спектакл Титаник со Леонардо Ди Каприо и Кејт Винслет во главните улоги бил поголем од буџетот за изградба на вистински брод.
2. Од четири грандиозни оџаци на Титаник работеле само три - четвртиот е поставен само за украс. Дизајнерите, имено, сметале дека бродот изгледа импресивно со четири оџаци.
3. Санта мраз која го потопи Титаник го започнала своето патување отприлика илјада години пред Христа. Воедно, Титаник е единствен прекуокеански број кој е поплавен како резултат на судир со леден брег.
4. Еден Јапонец кој го преживеал потонувањето на Титаник е пргласен кукавица откако се вратил во својот дом, бидејќи не било чесно што не умрел со другите патници на бродот.
5. Главниот пекар на бродот Чарлс Џон Џоугин го преживеал пливањето во ладната вода благодарение на големата количина алкохол кој го испил при потонувањето и која го греела до појавата на спасувачите.
6. Трагедијата можела да биде избегната доколку „Санта мраз“ бил забележан и пријавен на капетанот само 30 секунди пред да се случи трагедијата.
7. На бродот секој ден излегувале дневните весници „The Atlantic Daily Bulletin“ кои ги сочинувале вести, огласи, цени на акции, трачарења од високото дрштво, резултати од коњски трки, како и дневно мени.
8. Само две кабини во првата класа имале свое купатило, додека седумстотини патници во третата класа морале да делат две кади за лична хигиена.
9. Наследникот на американското чоколадно царство Милтон Херши имал карти за Титаник, но го одложил патувањето поради бизнис состанок.
10. Се сеќавате ли на онаа сцена во филмот Титаник каде оркестарот ја свири „Додека бродот тоне?“ Тоа се случило навистина! Музичарите свиреле уште два часа откако бродот ударил во Санта мраз.