Еди Марфи (61) има 4 поранешни жени, десет деца и вереница: „Сите мои сопруги супер се сложуваат, дома ни владее љубовен фестивал“
Покрај завидната кариера, актерот Еди Марфи е и татко на десет деца
Еди Марфи е еден од најплодните комичари на денешницата. Покрај завидната кариера, тој има и многу необичен живот.
За овој харизматичен актер се зборува дека е голем заводник, а со оглед на тоа што има дури десет деца, не ни е тешко да поверуваме. Првата голема љубов на Еди Марфи беше Никол Мичел, со која Еди се забавуваше две години пред да се венчаат во 1993 година. Во бракот со Никол, Еди имаше пет деца: Брија, Мајлс, Сеин, Зола Ајви и Бела Захара.
Во 2005 година, Никол поднесе барање за развод, кој беше финализиран во 2006 година.
По разводот, Еди започнува да се забавува со членката на групата Spice Girls, Мелани Браун. Кога пејачката останала бремена таа рекла дека детето што го очекува е на Еди, но тој потоа коментирал: „Навистина не знам чие дете носи Мелани. Додека детето не се роди и не направиме тест за татковство, не знам дали јас сум таткото“.
Мелани ја родила Ангел Ајрис токму на роденденот на Еди. По тестот за татковство, ДНК анализата утврдила дека актерот е навистина нејзин татко. Дури тогаш Еди ја призна својата ќерка.
Од раѓањето на своето прво дете во 1989 година, речиси 30 години подоцна, Еди го доби своето десетто дете, синот Мек.
Самата помисла да имаме десет деца може да биде застрашувачка за многумина од нас. Но, очигледно не за Марфи. Актерот откри дека вака му се допаѓа и е среќен што има полна куќа. И во едно интервју, кога го прашале дали што има 10 деца е премногу, тој рекол: „Не, тоа е сосема во ред“.
Сите негови сопруги, совршено се согласуваат:
Во неговото семејство нема драма, нема расправии. Еди се погрижи сите негови сопруги (минатите и сегашните) да се сложуваат совршено.
Марфи откри како го одржува мирот во куќата: „Сите се навистина кул еден со друг и има љубов насекаде, сите се согласуваат, што е добра работа. Тоа е љубовен фестивал во куќата!“
Тој ги сака сите свои деца подеднакво и е многу горд на секое од нив:
Дури и со десет деца, Марфи нема фавроит. Сите ги сака длабоко и се смета себеси за благословен човек, бидејќи сите негови деца се феноменални:
„Имав навистина среќа. Моите деца се паметни и навистина работат напорно!“
Тој е подеднакво горд на сите нив и среќен што ниту едно од нив не се однесува како холивудските „ѕвезди“ и што се приземни во секое време.
„Толку сум благословен со моите деца. Ниту еден од нив не е лош...“
Неговите деца се секогаш на истото место:
Приоритет на Марфи се среќата, здравјето и благосостојбата на неговото семејство. Во друго интервју, тој откри дека сè што сака во животот е да остане личноста што е и да поминува што е можно повеќе време со своето семејство и луѓето што ги сака, велејќи: „Мојата кариера или уметникот не е центарот на мојата живот. Во центарот на мојот живот се моето семејство и моите деца“.
„Попатно сфатив дека ако ги ставиш своите деца на прво место, никогаш нема да донесеш лоша одлука“, објасни тој. „Кога ќе наидете на крстопат во животот, мислите: „Па, што е најдобро за моите деца?“
Еди Марфи е исто така горд дедо:
Марфи не само што е благословен со своите деца, туку има и среќа што може да се нарече дедо. Неговиот син Мајлс Мичел ја продолжи семејната линија со тоа што стана татко на девојчето Еви.