Еди Рама носи патики и на самитот во Солун: Неговата колекција се движи од 250 до 10.000 евра
Модерен политичар!
Никој од Балканските лидери не може да го замени во изборот на патики. Тој ги има за секоја пригода.
Толку многу се зборуваше за неговиот стил што медиумите веќе не знаеја за што побрзо да известуваат. Премиерот на Албанија, Еди Рама е многу ексцентричен во облекувањето, дури и екстремен на моменти.
Поранешен спортист. Комбинира се и сешто. Патиките ги носи на костум. Некои чинат 245 долари или 223 евра, а за некои се верува дека ги има купено и за 10.000 евра.
Носи необични панталони, како оние на Јамамото со цена од 962 фунти или 1.064 евра.
И на самитот во Солун на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, тој носеше патики. Инаку, заедно со него е и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, како и лидерите на државите и владите на земјите членки во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСИЈЕ).