Единствено што жалам е дека немав деца: Почина Рафаела Кара, челичната дама на италијанската сцена

Златното доба на италијанската телевизија и културна сцена го одбележа познатата уметница, Рафаела Кара. Таа и на 78 години изгледаше фантастично. Семејството објави дека починала, а цела Италија жали по неа.

Пејачка, танчерка, актерка, водителка со меко срце, прекрасен изглед и пријатен глас, остана запаметена по своето познато шоу „Пронто Рафаела“. 

Родена е во Болоња за време на војната во 1943 година како Рафаела Марија Пелони, а псевдонимот Кара и го даде италијанскиот режисер Данте Гвардамања кога во 1962 таа година тргна да го освои ТВ-екранот и срцата на милиони Италијанци и мажи.

Оттогаш па се до крајот на нејзиниот живот, таа беше постојано во центарот на вниманието, а бројни емисии како „Милелучи“ и „Карамба че сорпреса“ се само некои од емисиите на оваа „челична дама“ на италијанската забавна сцена. Пред неколку години, таа исто така беше во жирито на „Гласот на Италија“.

Покрај лидерската кариера, таа беше подеднакво успешна и во пеењето и глумата, а секогаш ги одделуваше јавниот од приватниот живот.


Рафела никогаш не ги пуштила новинарите во нејзиниот приватен живот. Иако никогаш не се омажила, постојат и други приказни дека славниот Френк Синатра и се додворувал. Неодамна изјави дека единствено што жали е то што никогаш немала деца.

Нејзиниот сопруг, кореограф и режисер Серхио Ијапино, рече дека нејзиниот талент ќе блеска засекогаш.