ЕДНА ГОДИНА јадев САМО компири- Морав да носам храна кога одев на гости: Она што ми се случи е неверојатно
Кога рече дека ќе премине на диета што вклучува само компири и ќе се држи до неа цела година, многумина сметаа дека е целосно луд, вклучувајќи ги и членовите на неговото семејство.
Сепак, таткото на две деца од Мелбурн може да сведочи за тоа како му успеал овој метод - изгубил неверојатни 50 килограми.
Повеќето лекари и нутриционисти не препорачуваат следење на ваков ограничувачки план на исхрана - диетата треба да биде балансиран внес на протеини, јаглехидрати, зеленчук, овошје, млечни производи и масти.
Како функционираше тогаш диетата со компири?
Важно е да се нагласи дека Тејлор го прифати овој предизвик само откако го финализираше својот план со помош на лекар.
- Добивам над 600 проценти од дневните потреби за железо и над 400 проценти од препорачаните дози на витамин Ц, заедно со еден куп растителни влакна, сто она што ми рекоа дека ќе ми недостасува - вели Тејлор.
Единственото нешто за што се грижеше беше внесувањето калциум затоа што иако има нешто во компирот, тоа не е доволно. За да биде сигурен дека му е доста од тоа, тој направил пире од компири со соја млеко дополнително збогатено со тој минерал, пишува Men's Health.
Експертите велат дека неговиот план на исхрана не е „целосно опасен“, иако не е најздрава диета во светот.
Тој не вежбаше првиот месец од неговата диета, но подоцна усвои режим за возење велосипед за час и половина на ден.
И покрај фактот дека мораше да ги носи своите компири кога одеше кај гости и во сестораните постојано да им кажува како да му ги приготвуваат компирите, Тејлор вели дека тој сè уште е љубител на компири.
- Моето здравје само се подобрува. Имав висок холестерол, но сега е низок, ми се намали крвниот притисок, како и нивото на шеќер. Секој пат кога одам да давам крв, резултатите се подобруваат - вели задоволниот Тејлор.
Денес, тој сè уште ја базира својата диета на компири, но додава и друг зеленчук во менито.