ЕДНА ГОДИНА НИКОБ МЕДИКАЛ - Постоиме заради Вас, слушајќи го вашиот глас

Компанијата „Никоб Медикал“ прослави едногодишен јубилеј од своето постоење.

„Една година заедно со Вас, се соочивме со предизвиците кои ги донесе пандемијата од КОВИД -19.

Одговоривме на секој Ваш повик, пристапивме кон секој Ваш здравствен предизвик и ги решававме вашите медицински потреби. Ги понудивме нашите капацитети и услуги прилагодени според вашите потреби.

За една година созадовме кадар од 82 високо обучени млади доктори, сестри/техничари, распоредени во 25 тимови со по еден доктор, медицинска сестра и возач, достапни, брзи и ефикасни, а на располагање Ви се и 10 најмодерни амбулантни возила, 2 санитетски возила и 5 леки коли за домашна посетаи истите беа за неколку минути во вашите домови во Скопје и еднакво брзо и надвор од градот.

Чест и гордост ни е што 4.600 задоволни пациенти ги користат нашите пакети на услуги, а за една година реализиравме и над 10.000 интервенции во Скопје, државата и надвор од неа. Поминавме над 35.000 километри во меѓународен транспорт и брзо и безбедно стигнавме  до Истанбул, Солун, Атина, Приштина, Бон, Белград, Будва, Венеција и Цирих.

Но, ние тука не застануваме, продолжуваме уште посилно и попосветено за вашите потреби и што е исто така важно, со цени прилагодени според вашите финансиски можности.

Остануваме достапни кога е најпотребно, бидејќи за животот се работи!“, се вели во соопштението од компанијата.