Една Македонка и на 60 години покажа надмоќ: Светска првенка и рекордерка
Македонскиот Олимписки Kомитет е 195-ти член на Меѓународниот Олимписки комитет. Оваа институцја со години го негува олимпискиот дух, а Македонија имала неколку „титани“ кои учествуваа на големите Олимпијади и се закитија со медал.
Македонските спортисти имаат освоено 12 олимписки медали и тоа сите на летна олимпијада: 2 злата, 5 сребра и 6 бронзи.
Се разбира, тука е и најновиот успех од лани кога Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во теквондо, во категорија над 80 килограми, на Олимписките игри во Токио. Тој го освојува првиот медал на Олимписки игри за Македонија по пауза од 21 година. На тој начин, Георгиевски стана најуспешниот македонски спортист на Олимписките игри надминувајќи го постигнувањето на борачот Могамед Ибрагимов кој пред 21 година во Сиднеј стигна до бронзата.
Повеќето од медалистите се членови на "Клубот на великаните" на МОК, што претставува посебна чест за секој спортист и спортски работник во нашава земја. Строгите критериуми, досега ги имаат исполнето 17 спортисти и спортски експерти. Секој член на "Клубот на великаните" добива статуа, златен прстен и значка.
Освојувачи на медали на олимписки игри се:
Благоја Видиниќ – ЛОИ Мелбурн - 1956 – сребрен медал
Благоја Видиниќ – ЛОИ Рим - 1960 – златен медал
Благоја Георгиевски – ЛОИ Монтреал - 1976 – сребрен медал
Аце Русевски - ЛОИ Монтреал - 1976 – бронзен медал
Шабан Сејдиу - ЛОИ Москва - 1980 – бронзен медал
Шабан Сејдиу - ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – бронзен медал
Азис Салиху - ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – бронзен медал
Милко Ѓуровски - ЛОИ Лос Анџелес 1984 – бронзен медал
Реџеп Реџеповски - ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – сребрен медал
Шабан Трстена – ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – златен медал
Шабан Трстена – ЛОИ Сеул - 1988 – сребрен медал
Стојна Вангеловска - ЛОИ Сеул - 1988 – сребрен медал
Могамед Ибрагимов - ЛОИ Сиднеј - 2000 – бронзен медал
Во Клубот на великани на МОК има и други членови, а во продоление ги гледате кои се:
Никого не би издвојувале посебно затоа што сите се заслужни за огромниот успех кој го постигнаа, но Нада Ицева направи неверојатен подвиг.
Таа беше скокач со падобран, македонска и светска првенка и рекодерка, четири кратен првак на поранешна СФРЈ, најдобар македонски скокач со падобран на сите времиња. Носител е на престижните признанија Дијамантска значка и Златен прстен на Интернационалниот Олимписки Комитет - ИОК. Има изведено над 1.150 скокови (вклучувајќи го и оној во 1994 година кога имаше скок по повод својот 60-ти роденден). Нејзиниот личен рекорд е скок од 6.800 метри височина.
Фото: МОК