Една од овие шест водителки ќе ја замени Сања Кужет во „Ѕвездите на Гранд“: Јавноста е изненадена од листата
Водителката Сања Кужет наскоро ќе замине на породилно, а како што се шпекулира, една од овие колешки ќе ја замени.
Се шпекулираше дека на нејзиното место треба да дојде Бојана Лазиќ, но оваа информација се уште не е потврдена.
Сепак, утрово на официјалниот портал на Гранд се појави анкета со прашање која водителка би била најдобрата замена на Сања. Јасно е дека една од овие шест колешки ќе го „заземе“ местото на Сања во „Ѕвездите на Гранд“.
Прва на листата е Сања Ќулибрк, една од водителките на Гранд која веќе еднаш ја менуваше Сања Кужет. Потоа се Ана Севиќ, Ена Попов, Драгана Катиќ, Бојана Лазиќ, а 6-то име на листата е Јована Јеремиќ.
Ако се случи Јована да биде замената на Сања, шоуто е загарантирано, а случајно или не, неодамна се шпекулираше дека член на жирито ќе стане Јеремиќ, а таа има голема желба да биде дел од овој проект.
Се уште се шпекулира која ќе биде новата водителка која ќе ја замени Сања и заедно со Војо Недељковиќ ќе ја води најгледаната емисија.Да потсетиме, Сања од првиот брак го има синот Андрија кој има 14 години, а со сегашниот сопруг пред 6 години го доби синот Страхиња.
Многумина беа изненадени од нејзината бременост, со оглед на тоа што во август наполни 40 години, а радосната вест Гранд со радост ја објави.
- Со гордост може да истакнеме дека нашата водителка Сања Кужет е во блажена состојба и дека таа и нејзиниот сопруг Немања Живојиновиќ очекуваат син! Со оглед на тоа што е во четвртиот месец од бременоста, Сања нема да ја заврши оваа сезона како водителка на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, туку ќе замине на породилно каде ќе се посвети на чекање за најубавиот настан! Во оваа прилика и честитаме на нашата убава водителка и нејзиниот Немања и со нетрпение го очекуваме доаѓањето на младиот човек во нашата продукција – се наведува во соопштението на „Гранд продукција“.
ФОТОч Инстаграм