Еднаш месечно исчистете го клима уредот на овој начин и не се грижете: Ќе ги уништите сите бактерии со само еден потег
Фото: Printscreen/youtube
Дали знаете како правилно да ја исчистите климата и зошто е тоа толку важно?
Задолжително еднаш месечно исчистете го клима уредот на овој начин:
Исклучете го клима уредот
Отворете го капакот под кој се наоѓаат филтрите и извадете ги филтрите
Однесете ги филтрите во кадата или туш кабината и измијте ги од прашината.
Во шише со распрскувач ставете 100 ml алкохолен оцет, неколку капки детергент за садови и 100 ml вода. Протресете ги и испрскајте ги филтрите со овој спреј. Оставете го спрејот да делува околу 10 минути.
За тоа време, избришете го клима уредот од сите страни со крпа натопена во асепсол.
Исплакнете ги филтрите под проточна вода додека не се исчистат целосно.
Оставете ги да се исцедат и попрскајте ги со асепсол.
Кога ќе се исушат, вратете ги во климата.
Извор: stil.kurir.rs