Ефектива отвора студио за илустрации како следен чекор во својата креативна еволуција

Во склоп на маркетинг агенцијата „Ефектива“ се отвора студио за илустрации, како следен чекор во нивната постојана еволуција како креативни пионери. Со повеќе од 12 години искуство во визуелната комуникација и иновативни проекти и кампањи, Ефектива продолжува да креира успешни проекти во областа на маркетингот.

Маркетинг агенцијата се истакнува по својата креативност и уникатниот пристап во кој инкорпорира и уметност.

„Одлуката за отворање на студио за илустрации е природна еволуција во нашата мисија да  понудиме на пазарот илустрација која е една од основните елементи за квалитетна визуелна комуникација", потенцира Софија Семенпеева Трајановска, директор на Ефектива.

Квалитетна маркетинг стратегија и визуелна комуникација се столб за успешно реализирање проекти, нагласуваат оттаму.

„Сега, нашата главна фокусна точка е регрутирањето на нови млади таленти кои ќе добијат врвна едукација и шанса за развој. Овој ангажман е од суштинско значење за нас, бидејќи веруваме во инвестирањето во следното поколение на креативци и професионалци. Ние ги гледаме овие нови таленти како инвестиција во нашата иднина и сме предани да им ги обезбедиме потребните алатки и ресурси за нивниот успешен развој и напредок“, истакнува Семенпеева Трајановска.

Маркетинг агенцијата Ефектива ги отвори вратите и за меѓународни проекти, за што се особено горди. Оваа нова етапа од нивната работа не само што отвора врати кон глобалната сцена, туку и им обезбедува можност да ги применат нивните креативни вештини и идеи на различни пазари и култури. Тие се чувствуваат привилегирани бидејќи имаат можност да соработуваат со клиенти од различни делови на светот и да создаваат заеднички успеси.

Од особена важност е квалитетната визуелна комуникација бидејќи преку неа се развива визуелната култура. Најважно е да се охрабрат компаниите и да ја разберат важноста од квалитетна визуелна комуникација, сметаат од Ефектива. 

Со многубројни креативни проекти во своето портфолио, Ефектива се разликува по своите иновативни пристапи и смели проекти. Студиото за илустрација ќе ја надополни палетата на услуги по кои се издвојуваат на пазарот.  

ПР објава