Работи што зрел маж никогаш нема да ги направи

Иако сите мажи понекогаш сакаат да бидат детинести, постојат моменти кога нивната зрелост мора да излезе на површина. 

Сосема е нормално секој да се стреми да биде зрел и сериозен, бидејќи таквите мажи се најуспешни во животот.

 Жените, исто така, велат дека претпочитаат зрели мажи – со нив знаат на што се, без манипулации и „завлекување“.

Во продолжение ви претставуваме 6 јасни знаци кои покажуваат дека некој маж е навистина зрел:

1. Никогаш нема да го критикува нејзиниот изглед

Зрел маж го почитува изгледот на другите. Никогаш нема да ѝ каже: „Треба да ослабеш“ или „Подобро ти стои руса коса“.

2. Не го нарушува нејзиниот личен простор

Зрел маж има доверба. Тој ѝ дозволува на својата партнерка „да дише“ и никогаш нема да ја шпионира, да ѝ ги чита пораките или да ѝ го проверува телефонот и профилите на социјалните мрежи.

3. Не бега од проблеми

Незрелоста често се гледа преку неспособноста да се соочиме со проблеми. Зрел маж никогаш нема да побегне од обврски и одговорност.

4. Не се плаши да покаже емоции

Зрел маж не ги крие чувствата. Знае дека е сосема во ред да покаже емоции, дури и солзи, кога тоа е искрено и човечки.

5. Мисли на иднината

Додека многумина живеат само за моментот, зрел маж размислува за утре – за подобра иднина и стабилност.

6. Ги почитува своите пријатели

Зрелите мажи знаат колку се важни вистинските пријатели. Тие секогаш ќе им дадат поддршка, ќе ги почитуваат и никогаш нема да кажат лош збор за нив.